Формула
Во последните децении употребата на ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ претставува цел на повеќе научни и стручни истражувања, кои треба да одговорат на најчесто поставуваните прашања:
- Дали исхраната ги задоволува потребите на организмот од витамини и минерали?
- Дали и кога треба да се земаат во форма на лековити препарати или додатоци на исхраната? – Колку и како влијаат врз правилниот раст и развој на организмот?
Што претставуваат витамините и минералите?
Витамините и минералите се неопходни за здраво функционирање на организмот бидејќи учествуваат во различни биохемиски процеси.
Организмот не може да ги произведува (освен Витаминот D) и затоа мора да ги внесуваме преку исхраната или како додатоци во форма на лековити препарати или додатоци на исхраната.
Во случај на неправилна исхрана, како и при одредени заболувања или состојби при кои е попречена нормалната исхрана или постои зголемена потреба од витамини и минерали, се препорачува нивно внесување преку препарати и додатоци на исхраната, за да се задоволат потребите на организмот.
Својата функција во биохемиските процеси во организмот витамините ја извршуваат заедно со минералите, и недостатокот на било кој од неопходните витамини и минерали задолжително влијае и врз искористувањето и остварувањето на функцијата на постоечките.
Портфолиото НБЛ Формула содржи 4 производи: НБЛ Остео, НБЛ Имуно, НБЛ Фокус и НБЛ Прегна, од кој кај нас е присутна само НБЛ Имуно формула.