ПРОБИОТИЦИ

Во нашиот дигестивен систем природно присутни се микроорганизми кои заеднички ги означуваме како цревна микрофлора. Цревната микрофлора, главно, се состои од корисни бактерии кои помагаат во одржување на здравјето на нашите црева, а со тоа и на целиот организам.

Со употребата на пробиотици можеме да ја регулираме цревната микрофлора.

Пробиотиците се живи бактерии, кои се природни жители на цревниот тракт. Кога се консумираат во адекватна количина, тие придонесуваат за нормално функционирање на органите за варење и за правилна работа на имунолошкиот систем.

Овие пробиотици се најефикасни кога се даваат во комбинација со:

  • Пребиотици – тоа се нерастворливи растителни влакна кои го поттикнуваат растот и развојот на добрите бактерии и ја подобруваат работата на цревниот тракт.

Бидејќи се живи организми се многу чувствителни кога минуваат низ киселата средина на гастроинтестиналниот тракт, па затоа потребно е да бидат заштитени на соодветен начин.

Портфолиото НБЛ Пробиотик содржи 6 производи: НБЛ Пробиотик Оптима, НБЛ Пробиотик АТП, НБЛ Пробиотик Кидс, НБЛ Пробиотик Голд ,НБЛ Гинобиотик и НБЛ Пробиотик Д3, од кои кај нас се присутни сите со исклучок на НБЛ Пробиотик Оптима