Како компанија со повеќе од половина век искуство – Нобел е основана со 100% турски капитал во 1964 година.
Денес Нобел работи во вкупно 5 објекти, 3 во Турција и по 1 во Казахстан и Узбекистан, спроведувајќи промотивни и продажни активности со свои претставништва во над 20 земји низ светот.
Со своите околу 3000 вработени кои се експерти во нивните области, Нобел извезува квалификувани производи во над 50 земји, кои ги произведува според највисоки меѓународните стандарди.
Нобел ги извршува своите активности за менаџирање на продажба, маркетинг и менаџмент во Истанбул, додека пак производствените, истражувачки и развојни активности во Душче и Гебзе како и производството на активни фармацевтски состојки се лоцирани во објекти во Черкезќој.
Со цел подобрување на квалитетот на животот со ефикасни и високо квалитетни производи произведени според меѓународни стандарди, Нобел ги извршува своите активности за промоција и продажба во своите претставништва во Германија, Албанија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Швајцарија, Црна Гора, Казахстан, Киргистан, Косово, Р.С. Македонија, Монголија, Молдавија, Узбекистан, Русија, Србија, Туркменистан и Украина.
Преку своите вработени во секоја земја во која е присутен, Нобел спроведува маркетинг и продажни активности во согласност со етичките и долгогодишните стандарди во Турција.
Нашата Мисија
Подобрување на квалитетот на животот под мотото “Здравјето вреди сè”.
Нашата Визија
Да обезбедиме квалитетни и достапни производи за човековото здравје насекаде во светот.