NBL GYNOBIOTIC (НБЛ ГИНОБИОТИК)

капсули, тврди

Екстракт од брусница, влакна (фруктоолигосахариди), пробиотски микроорганизми (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus)

1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ГИНОБИОТИК И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Името на овој граничен производ е НБЛ ГИНОБИОТИК.

Една тврда транспарентна капсула содржи Vaccinium macrocarpon (екстракт од брусница), фруктоолигосахариди (влакна, 90 %), Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus.

Екстрактот од брусница може да биде ефективен против инфекции на уринарниот тракт затоа што спречува појава на Escherischia coli, бактеријата која што предизвикува најчесто инфекции на уринарниот тракт, преку прикачување за ѕидовите на мочниот меур.

Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежа на цревната микрофлора.

Исто така, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus помагаат во обновувањето на вагиналната микрофлора.

НБЛ ГИНОБИОТИК го поддржува здравјето на дигестивниот, имуниот и уринарниот систем.

НБЛ ГИНОБИОТИК е погоден за обновување на цревната микрофлора и превенција на инфекции на уринарен тракт.

2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ГИНОБИОТИК

Не употребувајте го НБЛ ГИНОБИОТИК:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од состојките на НБЛ ГИНОБИОТИК.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Консултирајте се со Вашиот лекар во случај на болест, употреба на лекови или за време на бременост или доење.

Овој производ не е лек.

Не се употребува за превенција или третман на болест.

Не содржи генетски модифицирани организми.

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било кои други лекови, вклучувајќи ги и лековите кои се издаваат без рецепт.

3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ГИНОБИОТИК

За перорална употреба.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

НБЛ ГИНОБИОТИК се зема перорално.

Се препорачува да се земаат 2 капсули дневно, по можност со доручек или вечера.

Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате НБЛ ГИНОБИОТИК.

Овој граничен производ е наменет за возрасни.

4. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ГИНОБИОТИК

Чувајте го на температура под 25°C, во оригиналното пакување.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Не го користете НБЛ ГИНОБИОТИК по истекот на рокот кој што е означен на пакувањето.

5. СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Како изгледа НБЛ ГИНОБИОТИК и содржина на пакувањето

НБЛ ГИНОБИОТИК се испорачува во кутија со 10 тврди транспарентни капсули.