НБЛ Пробиотик Кидс
NBL PROBIOTIC KIDS (НБЛ ПРОБИОТИК КИДС)
Таблети за џвакање
Фруктоолигосахариди, Пробиотски микроорганизми: (Streptococcus thermophilus, Lactobacillus plantarum, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium breve)
1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРОБИОТИК КИДС И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Името на овој производ е НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС содржи пробиотски микроорганизми.
Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.
Пробиотиските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот тракт и го поддржуваат имунолошкиот систем.
Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора.
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС е погоден за употреба при обновување на цревната микрофлора.
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС има поволен ефект врз имунолошкиот систем.
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС го скратува времетраењето на една епизода на дијареа (течна столица).
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС помага за регулирање на дигестивниот систем и го поддржува имунолошкиот систем.
2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ПРОБИОТИК КИДС
Не употребувајте го НБЛ ПРОБИОТИК КИДС:
- Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Овој производ не можат да ја замени нормалната исхрана.
Овој производ е наменет за деца од 4 до 10 годишна возраст.
Овој производ не е лек.
Не се употребува за превенција или третман на болест.
Прекумерна употреба може да доведе до лаксативен ефект.
Содржи засладувач.
Може да содржи траги од соја.
Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било кои други лекови, вклучувајќи ги и лекови кои се земаат без рецепт.
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС може да содржи траги на соја.
Содржи вкус на меко. Не го употребувајте овој производ ако сте алергични на млеко и на некоја од компонентите на млекото.
3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ПРОБИОТИК КИДС
За перорална употреба.
Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС се зема перорално.
Се препорачува да се зема еднаш дневно наутро или навечер преку џвакање или со чаша вода после оброк.
Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.
Овој производ е наменет за деца од 4 до 10 годишна возраст.
Времетраење на користењето
Освен ако Вашиот лекар не Ви препорачал поинаку, Ве молиме следете го упатството.
Вашиот лекар ќе Ве информира за периодот на употреба на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.
4. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ПРОБИОТИК КИДС
Чувајте го на температура под 25 °C, во оригиналното пакување.
Чувајте го на места кои се недостапни за деца.
Не го користете го НБЛ ПРОБИОТИК КИДС по истекот на рокот кој што е означен на пакувањето.
Препорачаниот рок на употреба е означен на кутијата како месец/година.
5. СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ
Како изгледа НБЛ ПРОБИОТИК КИДС и содржина на пакувањето
НБЛ ПРОБИОТИК КИДС се наоѓа во промет спакуван во кутија која содржи 30 таблети за џвакање.