Сместен во југозападниот агол на Македонија, регионот на Преспа ги привлекува љубителите на патување со своето мирно езеро, прекрасните плажи и богатата историја.
Со NBL Probiotic Gold продолжуваме да ја истражуваме Македонија и нејзините бисери.
Откријте ги симпатичните села и храна на Преспа кои не смеете да ги пропуштите со нас!
Станица број 1 – Брајчино!
Познат по својата традиционална архитектура, Брајчино е рај за љубителите на природата. Вратете се назад во времето додека шетате по старите сокачиња во ова село кои водат до манастирот Св.Петка.
По истражување на ова село, застанете во некои од преубавите ресторани и пробајте од локалното бело сирење во придружба на вкусна риба која доаѓа од Преспанското Езеро!
Станица број 2 – Арвати!
Доколку сте љубители на традиционална храна мора да го посетите ова село кое е карактеристично по Преспанскиот рецепт – Циронки!
Циронки е рецепт кој е составен од мали рипчиња – белвици кои отстојуваат во сол и се сушат на сонце подолго време. Потоа, овие риби се зачинуваат со зачини кои се карактеристични за Преспанската кујна.
Уживајте во прекрасната глетка спрема езерото, овој традиционален рецепт и омилениот ладен пијалок во локалниот ресторан во Арвати!
Станица број 3 – Љубојно
Познато по своите народни обичаи, во ова село често можете да се најдете на собир каде ќе слушнете народна музика и традиции карактеристични за Преспанскиот крај. Љубојно зрачи со шарм со неговите дрвени куќички и раскошните овоштарници.
Не пропуштајте шанса да пробате преспанско ѓомлезе и сарми од лозов лист во локалниот ресторан.
Кои други специјалитети да ги пробате?
Зелник, питулици, циронки, сарми од лозов лист, баклава, штрудла со овошје, млечник, аршлама, ѓомлезе, суви пиперки, јаболкови слатки топчиња ја сочинуваат храната од богатата ризница на Преспа.
Препорачуваме неколкудневно патување во овој регион со цел да имате можност да пробате поголем дел од оваа прекрасна кујна.
Пробајте што е можно повеќе од големиот избор на локални специјалитети, но конзумирајте и доволно пробиотици со цел да останете во најдобра форма.
Конзумирајте 1-2 кесички NBL Probiotic Gold за време на вашето патување и уживајте во убавините на Македонија!