Вашите пациентки планираат бременост? Бремени се? Дојат? Не поднесуваат вкус и мирис на риба? Бараат вегетаријанска или веганска алтернатива за суплементација со омега-3?

Човечкото тело не е во можност самото да ја создава незаситената омега-3 масна киселина DHA (докозахексаноична киселина), поради што се смета за есенцијална. 80% од жените во репродуктивен период имаат дефицит на DHA. Суплементацијата со 200 мг DHA докажано ја зголемува должината на репродуктивниот период кај жени со нормална телесна тежина. Бремените жени и доилките треба да го зголемат дневниот внес на DHA за најмалку 200 мг.

 

 

 

 

Иако многумина сметаат дека рибите и ракчињата сами создаваат DHA, всушност алгите се оригиналниот креатор на DHA. За оние што не поднесуваат вкус и мирис на риба, како и оние кои бараат вегетаријанска односно веганска алтернатива, маслото од алги е одличен природен извор на 100% DHA.

NBL Algae Oil се добива од микроалгата Shizochytrium sp. и содржи целосно веганска 100% DHA, која истовремено е кошер и халал сертифицирана. Schizochytrium е вид едноклеточни еукариотски микро алги кои природно се наоѓаат во одредени крајбрежни морски живеалишта. Произведена од страна на реномираниот светскиот производител life’sDHA од САД, DHA во NBL Algae Oil игра клучна улога во раниот развој на децата, но исто така има и важна улога за одржување на здравјето на мозокот, очите, срцето и крвните садови кај возрасни.

 

 

 

 

Акумулацијата на DHA е најинтензивна во 3-тото тромесечје од бременоста и продолжува за време на првите 2 години од животот на детето. DHA игра клучна улога во развојот на нервниот систем од фетусот за време на бременоста. Фетусот комплетно зависи од мајчинскиот внес на DHA преку исхраната или суплементацијата. Поради ова се смета дека суплементацијата со масло од алги го подобрува когнитивниот развој кај децата за време на гестацијата.

NBL Algae Oil содржи 200 мг 100% веганска DHA добиена од алги, кои се всушност првиот непрепработен извор на DHA во синџирот на исхрана, без ризик од контаминација (надворешни загадувачи – жива, тешки метали и итн.) и без непријатен вкус и мирис на риба.

 

 

 

 

Подеднакво критично е децата да консумираат DHA во тек на првите неколку месеци од животот, со цел да добијат неопходна поддршка за когнитивниот развој. DHA се излачува преку мајчиното млеко. Концентрацијата на DHA во мајчиното млеко е директно поврзана со дневниот внес на DHA од страна на мајката. Дневниот внес од 200 мг DHA дневно (1.4 грами неделно) како 100% масло од алга ја зголемува концентрацијата на DHA во мајчиното млеко за 90%. При идеални околности, би требало да внесувате околу 1.500 милиграми DHA неделно.

Дали знаевте дека најпознатата и највообичаена употреба на маслото е алги (заедно со други масни киселини) е во адаптираните млечни формули за новороденчиња и доенчиња?

 

 

 

 

NBL Algae Oil придонесува за нормален развој на мозокот и очите кај фетусот и доенчето.

NBL Algae Oil се препорачува за подобрување на когнитивните и другите виши интелектуални функции кај деца и лица во поодминати години, како и за контрола на холестерол и подобрување на видот кај одредени состојби.

NBL Algae Oil освен горенаведените индикации може да помогне и за смирување на воспалителни процеси и ублажување на отоци.

NBL Algae Oil со арома на рузмарин.

Leave a Reply