Криловото масло претставува смеса од масни киселини богата со EPA и DHA во облик на фосфолипиди (воглавном фосфатидилхолин); подобро се апсорбира од рибиното масло, би можело да пружи подобра кардиопротекција, а би можело да има и сѐ уште недоволно истражени ефекти за топење на висцералните масни наслаги.

Најголем дел од EPA и DHA во криловото масло се во фосфолипиден облик, со фосфатна група на крај од масната киселина. Ова е причина за повисоката биодостапност (стапка на апсорпција) на криловото масло, при што се постигнуваат исти ефекти како рибиното масло, но со помали дози.

Суплементацијата со криловото масло вообичаено се движи од 1 до 3 грама дневно (вкупна тежина на маслото), која всушност и се користи во клиничките студии. Ако суплементацијата се одредува според содржината на омега-3, тогаш истата треба да биде 2/3 од онаа што се користи при суплементација со рибино масло, заради поголемата апсорпција. Ако нормално се суплементира 1000 mg рибино масло EPA плус DHA, тоа е еквивалентно на 660 mg EPA и DHA од крилово масло.

Блиц факти за криловото масло

Претставува вид на: ноотропик
Примарни ефекти: антиоксидантно; против-воспалително
Други дејства: кардиоваскуларно; општо здравје

Може да се комбинира со:

Затоа што содржи масни киселини во облик на фосфатидилхолин, криловото масло би можело да делува синергистички со која и да било состојка која е синергистичка со него.

Состав

Она што го прави криловото масло уникатно е содржината на масни киселини во фосфолипиден облик, наместо вообичаените триглицериди. Овој феномен ги одделува ракчињата од рибите, вооопшто, затоа што помеѓу 28 до 58% од вкупните масни киселини им се во фосфолипиден облик, од кои најчесто фосфатидилхолин (48 до 80%).

Масните киселини во криловото масло се диацилглицериди (2 масни киселини врзани за глицерол), а не триглицериди, а поради врзувањето со фосфатидил групата структурата им е всушност фосфолипидна. Суплементите со рибино масло се во облик на или триглицериди (поскапите – поквалитетните) или етил естери (поевтините – понеквалитетните).

Астаксантинот, како исклучително важна молекула во состав на криловото масло, ќе ја обработиме одделно во друга прилика. Во оваа прилика само ќе кажеме дека моќните антиоксидантни својства на астаксантин меѓу другото го штитат криловото масло од оксидација.

 

Фармакокинетика

Криловото масло има 33% подобра апсорција од рибиното масло во триглицериден облик и 68% подобра апсорција од рибиното масло во облик на етил естер.

4 клучни клинички ефекти од крилово масло

според медицината базирана на докази

Артритис (воопшто)

Ниво на доказ: С
Јачина на ефект: забележителен
Конзистенција на студиите: многу висока

300 mg крилово масло ги редуцираат симптомите на артит и до 30%, што е прилично значаен опсег на ефектот.

 

Воспаление: C-реактивен протеин (CRP)

Ниво на доказ: С
Јачина на ефект: забележителен
Конзистенција на студиите: многу висока

Намалувањето на C-реактивниот протеин досега е забележано само кај случаи со ревматоиден артрит, но ефектот е дури 30% во рок од 30 дена суплементација со 500mg крилово масло, што е многу значајно намалување.

Дислипидемија: Липопротеин со висока густина (HDL)

Ниво на доказ: С
Јачина на ефект: забележителен
Конзистенција на студиите: многу висока

Зголемувањето на HDL не се забележува кај здрави лица, но кај лица со хиперлипидемија надминува 50%, што е исклучително значајно.

Дислипидемија: Липопротеин со ниска густина (LDL)

Ниво на доказ: С
Јачина на ефект: забележителен
Конзистенција на студиите: многу висока

Смалувањето на LDL-C кое се забележува при суплементација со крилово масло е со многу значајна вредност.

Референци

Достапни на Ваше барање.