НБЛ Масло од алги

Исто како и рибиното масло, маслото од алги се користи како природен извод на есенцијални омега-3 масни киселини. Најважната омега-3 масна киселина која се содржи во маслото од алги е DHA. Маслото од алги може да се користи и како храна и како лек

Дали знаевте дека најпознатата и највообичаена употреба на маслото е алги (заедно со други масни киселини) е во адаптираните млечни формули за новороденчиња и доенчиња?

NBL маслото од алги се произведува само од точно определени видови морски алги.

NBL маслото од алги се препорачува за подобрување на когнитивните и другите виши интелектуални функции кај деца и лица во поодминати години, како и за контрола на холестерол и подобрување на видот кај одредени состојби.

НБЛ Рибино масло за деца

Сите веќе знаеме дека NBL рибиното масло има прекрасен вкус на манго и праска, како и привлечна млечна боја неодоливa за децата.

Но, дали доволно знаеме кои се разликите на NBL рибиното масло за деца од останатите слични производи?

  • идеален сооднос на EPA/DHA од 3:2 како поддршка за нормалниот развој на нервниот систем и видот
  • високо квалитетна суровина препознатливо под името MEG-3®
  • патентиран процес на изработка со ладно цедење од цели риби (инчуни)
  • водечки добавувач на најквалитетните рибини масла во светот DSM Mulgrave, Nova Scotia Канада
  • 2 меѓународни сертификати за квалитет IFOS и FriendsOfTheSea
  • без контаминација од какви и да било тешки метали или еколошки загадувачи
  • без употреба на хормони за раст или ГМ храна
  • не содржи витамини со што е овозможено полесно дозирање за секое дете, на различна возраст

НБЛ Крилово масло

NBL криловото масло е мешавина од масни киселини, богати со EPA и DHA во облик на фосфолипиди, воглавном фосфатидилхолин кои се апсорбираат подобро од класичниот, триглицериден облик на омега-3 (рибино масло), поради што има посилен заштитен ефект за срцето и крвните садови.

Споредено со класичната омега-3 (рибино масло), додатоците на исхрана со крилово масло се подеднакво ефикасни со само 2/3 од дозата.

NBL криловото масло помага за регулирање на нивото на холестерол во крвта и придонесуваат за нормално функционирање на срцето и на крвните садови.

  • Заштита од срцеви заболувања и од атеросклеротични промени.
  • Дејствува позитивно врз намалување на вкупниот холестерол и на LDL-фракцијата (лошиот холестерол).
  • Дејствува превентивно врз HDL-фракцијата (добриот холестерол)