Сместен помеѓу високите планини и Јадранското Море, Котор сјае со неговата убавина и со право е меѓу најпосетените дестинаци во Црна Гора.
Познат по својата средновековна архитектура овој волшебен град под заштита на УНЕСКО, нуди совршен спој на историја, авантура и кулинарски задоволства.
Неговиот стар град, тврдини и локална кујна се одличен спој за сите љубители на авантурата и храната!
Не сте биле досега во Котор? Ајде да го истражиме овој прекрасен град во срцето на Црна Гора со NBL Probiotic Gold!
Започнуваме во стариот град на Котор!
Додека се движите низ овој дел од градот, се чувствувате како да времето се вратило назад. Низ тесните улички, каде некаде и не можете да се разминете со други авантуристи, ќе наидете на многу интересни дуќани и продавници каде ќе можете да се снабдите со сувенири за дома.
Една од најзначајните знаменитости на овој град е катедралата Свети Трифун каде ќе можете и да ја направите совршената фотографија.
По истражувањето, препорачуваме да седнете во некој од локалните ресторани кои нудат одлична традиционално подготвена храна.
Некој од вкусните рецепти кои можете да ги пробате се јагнешко месо подготвено во длабок затворен сад кој потоа се покрива со ќумур.
Продолжуваме кон тврдината Сан Џовани!
За љубителите на сценски погледи ова место е фантастично и мора да го посетите. Искачувањето на тврдината е предизвик но, погледот кон заливот на Котор и околните планини ќе биде поглед кој нема да го заборавите!
Од тука на поглед веќе е следната активност – крстарење на заливот на Котор!
Заливот на Котор
Не пропуштајте прилика да се качите на брод и да крстарите долж заливот на Котор. За време на ова крстарење ќе можете и да го посетите малиот град Пераст како и островот ,,Нашата дама на карпите’’. Покрај ова, прекрасната природа која се простира околу заливот нема да ве остави рамнодушни!
Завршете го денот со пробување на други вкусни специјалитети!
Задолжително за време на вашето патување во Црна Гора да пробате некој од морските специјалитети кои повеќето ресторани ги нудат!
Од октопод на скара до секаков вид на свежа риба, Црна Гора е претпознатлива по намирниците кои се користат при подготовка на риба.
Не пропуштајте да пробате и од вкусните млечни производи кои потекнуваат од високите и чисти планини на оваа земја во комбинација со традиционалниот Његушки пршут.
За време на вашето патување, и сите активности кои ги реализирате во текот на денот, вашиот имунитет ќе биде ставен на тест.
Затоа, осигурајте се дека почетокот и крајот на денот ќе го завршите со NBL Probiotic Gold.
Неговиот богат состав на пробиотици, пребиотици и витамини, се одлична поддршка за вашиот имунитет да остане силен!