Главни карактеристики на НБЛ Пробиотик Д3:

Пробиотски култури (5 x 108 CFU):

  • Bifidobacterium breve
  • Bifidobacterium infantis
  • Bifidobacterium longum
  • Bifidobacterium bifidum

Витамини:

  • Vitamin D (10 µg)

Останати карактеристики:

  • Дневна доза: 6 капки
  • 5 ml стаклено шише
  • Двојна обвивка

1.ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРОБИОТИК СО Д3 КАПКИ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

НБЛ ПРОБИОТИК СО Д3 КАПКИ претставува додаток на исхрана кој содржи пробиотски микроорганизми. Пробиотските микроорганизми помагаат во регулација на дигестивниот систем и го поддржуваат имунолошкиот систем. НБЛ ПРОБИОТИК СО Д3 КАПКИ е погоден за употреба при обновување на микрофлората во цревата, има поволен ефект на имуниот систем, се користи при дијареја. НБЛ ПРОБИОТИК СО Д3 КАПКИ е важен за развој на коските

Секое шишенце содржи пробиотски микроорганизми Bifidobacterium infants, Bifidobacterium breve, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium bifidum, витамин Д3 (како cholecalciferol)

Пробиотските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот тракт и го поддржуваат имунолошкиот систем.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора.

Витаминот Д3 е важен за нормално растење и за развој на коските кај деца.

Важноста на бифидобактериите

Први микробни колонизатори кои се населуваат и се присутни до 90% во неонаталните црева се бифидобактериите.

КОЈА Е УЛОГАТА НА ВНЕС НА БИФИДОБАКТЕРИИ УШТЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК?

  1. намалување на инфантилните колики, надуеноста, гасовите и гастроезофагеалниот рефлукс;
  2. воспоставување на нормална цревна перисталтика;
  3. намалување на атописките кожни реакции и алергиските манифестации воопшто, како и подобрување на имунитетот

ОСВЕН БИФИДОБАКТЕРИИ, ИСТО ТАКА ВАЖЕН И НЕОПХОДЕН ДОДАТОК Е ВИТАМИН D3

Важен и неопходен витамин за:

  • Правилен раст и развој на коските, зачувување на коскената маса и спречување на рахитис.
  • Правилна минерализација на забите и зачувување на нивната нормална структура и функција.
  • Правилна функција на имунолошкиот систем.

Препораката е дневен внес од 400 IЕ витамин D3 од првата недела од животот

  • Препорачана од страна на (ESPGHAN).
  • Американска асоцијација на педијатри.
  • Препораките од Здружение на Педијатрите од Македонија и Здружение на Неонатолозите се усогласени со препораките на европските здруженија.

ИДЕАЛНА КОМБИНАЦИЈА ОД БИФИДОБАКТЕРИИ И ВИТАМИН Д3 = НБЛ ПРОБИОТИК Д3

Секогаш идеалната комбинација е клучен фактор за правилен раст и развој уште од самиот

почеток. Бифидобактерии и Витамин Д3 во форма на капки со двојно обложување гарантираат за

совршена формула која треба да се употребува уште од самиот почеток .

Што е двојно обложување?

1.Пептидна обвивка- ги штити бактериите од pH и разградување(дигестија) Им помага на пробиотските култури да останат живи и да стигнат до цревата каде потполно ги населуваат – колонизацијa

2.Полисахаридна обвивка – ги штити пробиотските бактерии од топлина, механички притисок и надворешни влијанија