Кападокија, позната по своите мистични пејзажи, древни карпести формации и летовите со балон, е дестинација од соништата за патниците.
Кападокија нуди многу, од летање со балон на изгрејсонце до истражување на подземните градови кои се кријат во регионот. Кулинарските задоволства во регионот се подеднакво волшебни, со традиционални јадења кои го одразуваат богатото наследство на областа.
Ајде да ја истражиме Кападокија заедно со NBL Probiotic Gold!
Зошто оваа дестинација е магична?
Кападокија името го добива уште од Античките Персијци и значи ,,земја на коњите”. А токму неговата богата историја која вклучува елементи на Европска и Азиска култура во учество на природната убавина го пласира овој регион меѓу најпосетените дестинации во светот.
Мора да ја посетите Кападокија поради карпите со уникатна форма формирани од антички вулкани пред милиони години. Овде ќе најдете чудни глетки какви што ги нема никаде. Од минаре на џамија изградена во древни пештерски камења до чудни замоци и фестивали посветени на балоните.
За оваа дестинација не е потребно повеќекратно посетување, доволно е еднаш да ја посетите за да се вљубите во неа!
Неколку специјалитети кои мора да ги пробате!
Додека шетате по мистичниот регион на Кападокија останете во најдобро расположение и задоволете ги кулинарските чувства со следните рецепти:
Тести кебап: Уникатно јадење зготвено во глинено тенџере, исполнето со месо и зеленчук кое се вари бавно и е полно со протеини. Посетете некои од рестораните во градот Ѓореме кој се наоѓа во центарот на Кападокија и пробајте го овој рецепт!
Мантии: турски кнедли послужени со сос од јогурт и лук, често прелиени со стопен путер и зачини. За овој рецепт препорачуваме да го посетите градот Угруп кој се наоѓа на помалку од час возење од градот Ѓореме.
Ѓозлеме: Солен турски леб, исполнет со различни состојки како сирење, спанаќ или мелено месо. Веруваме дека каде и да одите, ќе уживате во вкусот на овој рецепт!
Останете во најдобро здравје!
Додека се впивате во неговите прекрасни пејсажи и уживате во неговата богата кујна, дозволете NBL Probiotic Gold да биде ваш партнер во одржувањето на здравјето.
Со неговиот состав од повеќе од 2,5 милијарди бактерии и множество на витамини осигурајте се дека Вашиот имунитет ќе остане во најдобра форма!